Дома Фудбал Италија Пиоли спрема драстични промени за дербито со Интер

Пиоли спрема драстични промени за дербито со Интер

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека ќе направи драстични промено во обид тимот да ја надмине кризата во која западна во последно време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан влезе во серија на лоши резултати, а во недела му гостува на Интер во дербито од 21-то коло од Серија А.

„Скај Спорт“ пренесува дека Пиоли на денешниот тренинг испробувал нови формации, 4-3-3 и 3-4-3 и тренингот траел 40 минути подолго од предвиденото.

Од како пристигна Пиоли на кормилото „росонерите“ играат со формација 4-2-3-1 веќе три години и со таа формација минатата сезона го освоија Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем не се шегува, Бразилецот кажа “ДА”, вкупната сметка скоро 350.000.000!

Фудбалскиот клуб Тотенхем ова лето реши да се врати на патиштата на старата слава, а Робер…