Дома Фудбал Пиоли потврди: Ибрахимовиќ се извини

Пиоли потврди: Ибрахимовиќ се извини

Oна што го пишуваа медиумите го потврди и тренерот на Милан Пиоли.

Пиоли денес изјави дека Ибрахимовиќ им се извинил на соиграчите за исклучувањето во дербито против Интер.

„Златан се извини пред сите, уште еднаш ни докажа дека е голем шампион“, изјави Пиоли за италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ беше исклучен во 58. минута од натпреварот. Интер знаеше да го искористи неговото исклучување и после пресврт со 2:1 славеше против градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…