Дома Фудбал Италија Пиоли: Игравме добро, но резултатот е разочарувачки

Пиоли: Игравме добро, но резултатот е разочарувачки

Милан синоќа уште еднаш ги разочара навивачите и пред преполниот „Сан Сиро“ одигра реми без голови против Емполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан сега го доведе во прашање пласманот во Топ 4, а тренерот Пиоли не го криеше разочарувањето од резултатот.

Сепак, тој истакна дека е задоволен од играта на својот тим и едноставно морало да победат.

„Тоа сигурно не е резултатот што го посакувавме и повеќе ни е жал за првото полувреме кога можевме да притиснеме повеќе. Во второто направивме се што требаше да направиме за да победиме, но топката едноставно не сакаше да влезе. Резултатот е негативен, но не и нашиот перформанс“, изјави Пиоли.

„Помина долго време откако не сме играле со ваков интензитет, фокус и енергија. Разочаран сум, ние сме Милан и мора да го победиме Емполи на домашен терен“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што значи „правилото на Винисиус“? За првпат видено на Светското првенство, црвен картон што влегува во историјата

Интересна ситуација можевме да видиме во првото полувреме од натпреварот Турција – П…