Дома Фудбал Пиоли: Ибра во овој момент е како лав во кафез

Пиоли: Ибра во овој момент е како лав во кафез

Mилан утре го игра натпреварот против Лацио од четвртфиналето во Купот на Италија.

Златан Ибрахимовиќ во овој момент се опоравува од повредата на ахиловата тетива и ќе го пропушти тој натпревар. Се уште не е јасно кога Ибрахимовиќ ќе биде спремен да се врати.

„Во овој момент Златан е како лав затворен во кафез, тој има мотивација и амбиција да помогне на тимот на терен. Се надевам дека брзо ќе се врати. За утре нема да биде подготвен ќе видиме што ќе биде за натпреварот потоа“.

Додека Ибра е надвор од терените одлични настапи прикажува Жиру.

„Жиру ја докажува својата вредност и го прави тоа што се бара од него. Тој е одличен фудбалер и човек. Значи многу за нашиот тим“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…