Дома Фудбал Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и столчето на тренерот Стефано Пиоли.

Италијанскиот стратег пред две сезони го донесе Скудетото за „росонерите“, меѓутоа сезонава не му оди како што се очекуваше. Одредени италијански медиуми пренесуваат дека Пиоли сигурно заминува на крајот на сезоната.

,Милан веќе ја започнал потрагата по негов наследник, на спискот има три имиња. Прв на листата е Антонио Конте, кој е слободен и чека понуда.

Потоа Тиаго Мота, кој прави „чуда“ со Болоња, а на листата е и екс тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски гледа напредок и по поразот: Македонија да игра без страв против Словенија

Езџан Алиоски најде причини за оптимизам во настапот во Глазгов, иако Македонија загуби со…