Дома Останати Кошарка НБА Пилот кој две години го возел Брајант: Невозможно е тој хеликоптер да имал механички дефект

Пилот кој две години го возел Брајант: Невозможно е тој хеликоптер да имал механички дефект

Светот се уште не се соземал од големата трагедија во која од овој свет си замина големата легенда Коби Брајант.

Коби вчера го загуби животот во пад на неговиот хеликоптер во близина на Лос Анџелес. Во хеликоптерот на кобниот лет имало уште осум лица, вклучувајќи и ја и неговата 13 годишна ќерка Џана.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хеликоптерот со кој летал Коби бил „Сикорски С-76Б“. Брајант веќе подолго време имал одлична соработка со агенцијата која му го изнајмувала и имал можност да го користи кога ќе посака. Хеликоптерот бил регистриран на компанијата „Исланд Експрес Хеилкоптерс од Филмо“ и никогаш немал проблеми.

Повеќе од 915 часови лет имале овие типови на хеликоптери и според американските медиуми се урнале само два претходно, трет бил овој на Коби.

За медиумите сега зборуваше Курт Деец, пилот кој две години го возел Брајант и работел во компанијата. Според него невозоможно е овој хеликоптер да се урне поради механички дефект.

„Хеликоптерот нуди неверојатни услови. Шансата да имал механички проблем или проблем со моторите едноставно е невозможна. Единствена причина за оваа несреќа можат да бидат лошите временски услови“, смета Деец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…