Во изјава за италијанскиот „Либеро“ селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ зборуваше за играта на Јувентус. Сезонава Пикси гледал неколку натпревари на Јувентус каде што играат српски репрезентативци.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кога Влаховиќ потпиша за Јувентус Пикси ја фалеше одлуката на раководството да го доведе. И навистина Влаховиќ добро се снајде на почетокот, но оваа сезона не е на нивото, како и цел тим на Јувентус.




Масимилијано Алегри и понатаму е тренер на Јувентус и покрај сите критики кои ги добива. Сега и селекторот на Србија имаше што да каже за играта која ја практикува италијанскиот стратег.




„Јуве е поинаков и послаб во однос на она што го гледав претходно. Послаби се во одбраната и поради слабата заштита на средниот ред имаат мал интезитет и не можат добро да ги поврзат нападите. Поради ова Влаховиќ е успорен и не може да го покаже најдоброто од себе“, изјави српскиот селектор.



