Дома Фудбал Пике потврди дека имал разговор со Флорентино Перез!

Пике потврди дека имал разговор со Флорентино Перез!

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике откри дека имал телефонски разговор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пике исто така потврди дека не се зборувало за фудбал, туку имале некои приватни работи кои не сака да ги открива.

„Порано го имав бројот на Перез, а не знам дали се уште го има истиот број или го променил. Не разговаравме за фудбал, се работеше за нешто лично“, призна Пике.

Со ова тој ја исклучи можноста дека Перез можеби го побарал Пике да се пресели во Реал, а ќе остане мистерија за што разговарале ѕвездата на Барселона и првиот човек на Реал Мадрид.

Пике е познат како некој кој воопшто не го сака Реал и често со своите изјави ги пецка „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа први информации за здравствената состојба на Кристијан Ериксен (Видео)

Пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина беше прекинат по драматичните сцени кои го…