Дома Фудбал Пике: Луѓето мислат дека е лесно да си фудбалер, треба да станеш во 9 наутро, да тренираш…

Пике: Луѓето мислат дека е лесно да си фудбалер, треба да станеш во 9 наутро, да тренираш…

Шпанецот Жерар Пике се повлече од фудбалот пред две години откако освои се што можеше да се освои и заработи над 200 милиони евра во кариерата која траеше од 2004 до 2022 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во разговор за шпанските медиуми Пике сега даде изјава со која и ги налути „обичните“ луѓе, тврдејќи дека на фудбалерите им е многу тешко.

„Луѓето мислат дека е лесно да си фудбалер, но размислете, треба да станете во 9-10 часот наутро, да се облечеете и да тренирате, но и да учите стратегија. Кога ќе бидете долго време во фудбалот тоа станува тешко и напорно“, изјави Пике кој во кариерата одигра 667 натпревари.

Дресот на шпанската репрезентација Пике го носеше на 102 натпревари и во нив постигна пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …