Дома Топ вести Пике донесе одлука – ја напушта репрезентацијата!

Пике донесе одлука – ја напушта репрезентацијата!

Жерард Пике најави дека по завршувањето на Светското првенство во 2018 година ќе се повлече од националниот тим, бидејќи е уморен од константините критики кои ги добива од медиумите и навивачите.

Пике, во неделата, повторно стана мета на критики, откако на дресот со долги ракави ги скрати ракавите на местото каде што се боите на шпанското знаме.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


„Да, веќе сум преморен од тоа. Светското првенство во Русија ќе биде мојата последна обврска во шпанската репрезентација. Ги исеков ракавите бидејќи ми беа куси, тоа ми пречеше. Направив сѐ што можам, но ова не се издржува. Ракавите беа само „капката која ја прелеа чашата“, изјави Пике.

Пике, во 2018 година кога ќе се одржи Мундијалот во Русија, ќе има 31 година. Дефанзивецот за Шпанија има одиграно 89 натпревари, постигнал пет гола.

„Успеаја да ми ја убијат желбата да играм во репрезентацијата. Иако тогаш ќе имам 31 година ќе се повлечам од националниот тим. Секогаш давав сѐ од себе и додека некои тоа го ценат, постојат луѓе кои не ме сакаат во тимот“, заклучи Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oткриен говорот на Модриќ: Еве што им кажал на соиграчите пред натпреварот вечерва

И покрај обидите играчите да останат мирни и фокусирани единствено на натпреварот против Б…