Дома Фудбал Пике го успокои Интер: Ќе играме на победа против Тотенхем

Пике го успокои Интер: Ќе играме на победа против Тотенхем

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го успокои Интер и фановите на тимот од Милано пред утрешниот одлучувачки дуел во групната фаза од Лигата на шампиони.

„Нероаѕурите“ треба да го победат ПСВ, но во исто време да се надеваат дека Тотенхем нема да ја победи Барселона, во меч кој е без значење за Каталонците.

„Ќе играме за да го победиме Тотенхем, како што играме секогаш. Историјата тоа ни го покажува. Притоа, не сакаме да ја прекинеме добрата серија од позитивни резултати. Сакаме да победиме без да примиме гол. Нека продолжи напред подобриот меѓу Интер и Тотенхем“, јасен беше Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…