Дома Останати Кошарка Пешиќ нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија

Пешиќ нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија

Искусниот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ денес и официјално е избран за нов селектор на Србија.

Кошаркарскиот сојуз на Србија пред неколку недели објави дека Игор Кокошков повеќе не е тренер на оваа селекција, а место него на клупата на „Орлите“ го врати славниот тренер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пешиќ на селекторската функција во Србија се враќа после 19 години, а во првиот мандат со оваа селекција ги освои Европското и Светското првенство. Овој 72-годишен стратег не можеше да го одбие повикот од КС Србија и одлучи да ја прифати понудата.

Последниот ангажман го имаше на тренерската клупа во Барселона која ја напушти минатата година, иако имаше најави дека ќе се пензионира сепак тоа не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

МВП настап на Јокиќ во драматичен пресврт на Денвер

Во возбудлива средба што се одигра во ноќта во сабота, Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез …