Дома Фудбал Англија Пет фудбалери кои Мурињо ги избрка, а сега блескаат!

Пет фудбалери кои Мурињо ги избрка, а сега блескаат!

Жозе Мурињо неспорно е голем стручњак, но и човек кој имаше неколку погрешни процени кога се идните ѕвезди во прашање.

Ви претставуваме пет фудбалери кои играат одлично во своите клубови, а кои Мурињо буквално ги избрка од „Стенфорд Бриџ“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


1 Рајан Бертранд – дефанзивецот на Саутемптон е одличен и оваа сезона, а своевремено се мислеше дека токму тој ќе го наследи Ешли Кол во Челзи. Сепак, тоа не се случи бидејќи Мурињо не сметаше на него и го избрка од клубот. Судбината сакаше Рајан да прерасне во еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата.

2. Хуан Мата – интересно е дека Мата сега повторно соработува со Мурињо, иако Португалецот го избрка од Челзи бидејќи за него не можеше да најде место во првиот тим на „сините“. Дури се претпоставуваше дека ќе го отпише и од „Олд Трафорд“, но Шпанецот игра одлично, а медиумите тврдат дека наскоро ќе добие нов договор.

3. Ромелу Лукаку – одличниот напаѓач е главна ѕвезда во Евертон. Беше еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа за кого се мислеше дека ќе биде наследник на Дидие Дрогба. Мурињо не сметаше на него и го испрати во Евертон каде сега брилјира.

4. Петр Чех – голманот на Арсенал е еден од најдобрите чувари на мрежата во Премиер лигата, но едноставно мораше да замине од Челзи за да не ја грее клупата. Мурињо се одлучи прв голман да биде Куртоа, што го натера Чех да премине во Арсенал каде игра одлично.

5. Кевин де Брујн – веројатно навивачите на Челзи најмногу жалаат за него. Моментално игра феноменално во Сити. Него Мурињо го продаде на Вилфсбург за 18 милиони евра, а денес е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата и вреди повеќе од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…