Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Петковиќ: Немаме време за славење, мораме да се спремаме за Шпанија

Петковиќ: Немаме време за славење, мораме да се спремаме за Шпанија

Ретко кој можеше да поверува дека Швајцарија може да направи сензација и да ги елиминира светските шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција важеше за најголем фаворит на турнирот, но вчера после пенал рулетот Швајцарците ги елиминираа и тоа откако претходно се вратија од 1:3.

Секако кај селекторот Владими Петковиќ има огромно задоволство.

„Горд сум на ова што го постигнавме. Немаме време да славиме затоа што доаѓа четвртфиналето. Мораме брзо да го заборавиме овој натпревар и да играме како досега. Од утре започнуваме да мислиме и да се спремаме за Шпанија“, изјави Петковиќ.

Швајцарија прв и последен пат четвртфинале играла на Светското првенство во Шведска во 1954 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…