Дома Фудбал Останато ПЕС со „удар“ за ФИФА: Во најновата верзија на ФИФА ќе има „лажен“ Јувентус

ПЕС со „удар“ за ФИФА: Во најновата верзија на ФИФА ќе има „лажен“ Јувентус

„КОНАМИ“ објави дека со Јувентус потпишал ексклузивен договор според кој италијанскиот шампион ќе се појави исклучиво во новата верзија на ПЕС.

Ова значи дека ФИФА 2020 нема да смее да ги користи името, грбот, стадионот и дресовите на италијанскиот шампион такво право ќе има само ПЕС. Но од „ЕА Спортс“ објавија дека Јувентус во нивното ново издание ќе го носи името Пиемонте Калчо и дека во тимот ќе ги има сите играчи на Јувентус со вистинските имиња.

Но, тешко е да се очекува дека Кристиано Роналдо со „лажниот “ дрес ќе се појави на коверот на ФИФА, па така после три години можеме да очекуваме нов лик на наслновата на ФИФА.

„КОНАМИ“ објави дека правата на Јувентус ќе ги има во следните три години, а сличен потпишаа со Манчестер Јунајтед и Баерн, но тие договори не се ексклузивни.

Новата верзија на ПЕС ќе излезе на 10-ти септември, додека ФИФА 20 ќе излезе на 27-ми септември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: „Граѓаните“ во шок, „ѓаволски“ добро полувреме на Јунајтед

Манчестер Јунајтед го одигра најдоброто полувреме оваа сезона и има висока предност од 2:0…