Дома Фудбал Перез пронајде замена за Зидан: Не е Покетино, но е еден од најдобрите тренери во светот

Перез пронајде замена за Зидан: Не е Покетино, но е еден од најдобрите тренери во светот

Иако има уште многу до крајот на сезоната во Примера, изгледа дека Реал Мадрид ги загуби сите шанси за освојување на титулата.

Зад водечката Барселона заостанува огромни 10 бода, а навивачите повеќе од заостанувањето се загрижени поради очајната игра на европскиот и шпанскиот шампион. Шпанските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан ќе добие отказ доколку Реал продолжи со ваквите игри, иако во претходните две сезони ја освои Европа.

Наводно и Роналдо се скарал со Зидан поради тоа што минатото лето ги продаде Родригез, Мората и Пепе. Но, претседателот на Реал, Флорентино Перез ја пронајде и замената за Зидан.

Станува збор за Јоаким Лев, германскиот селектор кој и претходно се поврзуваше со Реал. Меѓутоа, Лев не може во Реал пред завршувањето на Светското првенство во Русија, каде што со Германија ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Постои голема можност до тогаш клупата на Реал да ја превземе некој од помошниците на Зидан или пак Карло Анчелоти кој остана без работа по отказот во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…