Дома Фудбал Перез: Зошто да купуваме напаѓач кога го имаме најдобриот во светот?

Перез: Зошто да купуваме напаѓач кога го имаме најдобриот во светот?

0

Претседатселот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека Карим Бензема е најдобриот напаѓач во светот.

Добро познато е дека Бензема има голем кредит кај Перез. Претседателот на Реал беше покрај Французинот и кога тој беше на мета на критики од јавност.

Бензема оваа сезона е исклучително ефикасен, а Перез му испрати големи пофалби.

„Секогаш инсистирав на тоа во Реал да играат најдобрите играчи, да го имаме најдобриот тим. Така мислам и денес. Долго време читам и слушам дека Реал морал да го купи голем напаѓач. Таков играч веќе имаме во тимот. Бензема е најдобар во светот. Моја работа е да доведувам млади играчи кои ќе бидат иднината на клубот. Такви се Винисус и Родриго“, изјави Перез.


Следете го Sportski.mk и на


Оваа сезона Бензема постигна 18 голови и запиша седум асистенции.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За прв пат и веројатно никогаш повеќе: Џејми Карагер облече дрес на Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Џејми Карагер 15-тина години се обидуваше да ја донесе титулата шампион на Англија на „Енф…