Дома Топ вести Перез го користи Хамес како „кусур“ за голема ѕвезда

Перез го користи Хамес како „кусур“ за голема ѕвезда

rodrigez

Реал би можел да го врати Родригез во клубот, Колумбиецот е како на мраз под водство на Нико Ковач, сега се повреди, позајмицата му истекува во јуни, но тој сака и порано да го напушти клубот. Сепак, се прашува и Реал, кој нема изгледа да даде дозвола за Родригез да си оди во Арсенал.

Тие планираат да го вратат Колумбиецот кој и покрај се е еден од најбараните играчи во Европа, но само како мамка за работа во Тотенхем. Имено, го сакаат Ериксен чиј договор истекува во 2020. година, Даниел Леви е најтежок преговарач во светот, но сигурно дека нема да дозволи Данецот да си замине без надомест. Тотенхем е заинтересиран за Родригез, па тој би можел да биде дел од договорот со Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хамес своевремено беше најдобар стрелец на Мундијалот, го сака и Наполи, каде што Анчелоти го тренираше во Реал кога играше и најдобро, како и Јувентус каде што повторно би играл со Роналдо, овој трансфер го работи неговиот агент Мендеш, но изгледа дека Јувентус нема место за Родригез и дека неговата прва цел, кога е Реал во прашање, е Марсело, но и Иско.

Во секој случај, Ериксен се гледа како замена за Модриќ и тоа природна, на Хрватот му истекува договорот во 2020. година и веројатно ќе го одработи пред да го напушти Мадрид, иако и понатаму е актуелна опцијата за заминување во Интер следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …