Дома Фудбал Пеп се жали: Имам само 13 играчи на располагање

Пеп се жали: Имам само 13 играчи на располагање

Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека во овој момент може да смета на исклучително мал број играчи, па затоа ќе мора да користи и играчи од јуниорскиот погон.

Сити во четвртокот го совлада Бурнемоут во Лига Купот со 2:1. Пеп во тој натпревар на теренот испрати четири играчи од јуниорскиот тим – Лијам Делап, Томас Долја, Тејлор Харвуд-Белис и Адријан Бернабе.

Тие многу брзо би можеле да добијат шанса и во Премиер лигата. Пред се Делап, стрелецот на водечкиот гол.

„Лијам е поинаков тип на напаѓач, силен е и добар во завршницата. Воодушевен сум од неговиот настап. Не треба да заборавиме дека има само 17 години. Со оглед на тоа дека имам само 13 играчи на располагање тој ќе остане со нас. Ќе го користам и во наредните натпревари. Генерално, ќе ми бидат потребни момци од академијата“, истакна Гвардиола.

Сити својот натпревар во Премиер лигата ова коло го игра во недела кога ќе го дочека Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

25 удари, само еден бод: Сандерленд скапо ги плати промашувањата во Полска

Тимур Тутјеров го постигна најбрзиот гол сезонава во Лига Европа, но Лех Познањ преку Март…