Дома Македонски спорт Мак фудбал Пенал рулетот среќен за Струмичани: Академија Пандев е шампион во македонскиот куп! (ВИДЕО)

Пенал рулетот среќен за Струмичани: Академија Пандев е шампион во македонскиот куп! (ВИДЕО)

0

Денес се одигра финалето од македонскиот куп во кое играа екипите на Академија Пандев и Македонија Ѓ.П.

Гледавме навистина интересен натпревар кој се решавше после изведувањето на пенали. „Пандевци“ први стигнаа до водство со голот на Сашко Пандев. Меѓутоа Македонија Ѓ.П успеа да изедначи преку Бразилецот Робсон Да Силва кој мајсторски изведе еден слободен удар.

1:1 беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел возбудувањата следуваа дури во последните пет миунти. „Лавовите“ во 84-тата минута стигнаа до водство и во тој момент се мислеше дека се блиску до трофејот кој ќе им обезбеди место во Европа.

Сепак, играчите на Академија Пандев не се откажаа и веќе во следниот напад добија пенал кој успешно го реалзираше Дориев. 

Пенал рулетот на крајот беше среќен за тимот од Струмица за кој ова беше прв трофеј од оформувањето на клубот.

Во продолженијата не видовме погодоци, па така победникот го добивме после изведувањето на пенали.

 

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нејмар: Не сакам да играм повеќе во ПСЖ!

Иднината на Нејмар повторно е главна тема ова лето, особено откако медиумите најавија дека…