Дома Фудбал Пенал „рулетот“ одлучи: Црвена Звезда елиминирана од ЛШ

Пенал „рулетот“ одлучи: Црвена Звезда елиминирана од ЛШ

Српскиот шампион Црвена Ѕвезда беше поразен во Никозија од Омонија во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите по подоброто изведување на пеналите.

Кипарскиот тим поведе во 31-та минута преку Михаел Лифтнер, а во финишот од првото полувреме Мирко Иваниќ израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Српскиот тим се обидуваше во второто полувреме и во продолженијата, но не успеа да стигне до победата, па на крај одлучуваа пеналите.

Кипарците беа сигурни реализатори од белата точка, а Диего Фалчинели и Милош Дегенек беа трагичари за Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го надмудри Милан: Влегувањето на Модриќ ни отвори простор за пресврт

Болоња со 4:2 го освои „Сан Сиро“, а Рафаеле Паладино објасни зошто промените во играта на…