Лидерот Пелистер продолжи со победничката серија и на домашен терен во Битола го надигра Куманово во 97:71. Со овој триум битолскиот тим остана единствената екипа со максимален учинок.
Треба да се спомене дека Куманово во Битола допатува со девет кошаркари и почнаа рамноправно. Настовски, Глиројеивиќ и Холмс одлично отворија и се играше во егал, домаќинот доминираше под обрачите. Поради таа игра под обрачите, по првиот квартал резултатот гласеше 25:18.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот период денес бранови и на едната и на другата страна, за на крајот резултатот да гласи 45:41. Победникот беше решен во третиот квартал. Тогаш битолчани со цврста игра во одбраната и добрата транзиција ги решија дилемите околу победата. Не успеаа гостите да се вратат и во последниот квартал, па Пелистер оствари победа од 97:71.
Во редовите на Пелистер најефикасни беа Кесар со 26 поени, Младеновски со 17, додека Ѓуроски и Трајковски уфрлија по 18. Во редовите на Кумано Холмс постигна 19, Кејлеб 18 поени.
Фото: КФСМ