Дома Македонски спорт Мак ракомет Пелистер во последните секунди поразен од Пик Сегед

Пелистер во последните секунди поразен од Пик Сегед

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби од Пик Сегед со 27-28 во осмото коло од групната фаза во ракометната Лига на шампион.

Битолчани постојано бркаа негатива во првото полувреме, кое им припадна на гостите со 15-12, а драмата продолжи и во вториот дел.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Пелистер неколку пати успеа да израмни, но немаше сила за пресврт, па на 10 секунди пред крај прими гол од Пик Сегед за осми пораз во ЛШ.

Борзаш беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер со шест гола, пет погодоци на дебито постигна Филип Кузмановски, а со четири гола мечот го заврши Жарко Пешевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…