Дома Фудбал Останато Пеле опериран од тумор, моментално е во болница

Пеле опериран од тумор, моментално е во болница

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле веќе шест дена е во болница во Сао Паоло, соопштија тамошните медиуми.

Пеле минатата недела бил на рутински преглед во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, по што бил задржан и потоа опериран.

„Во саботата ми беше извршена операција за отстранување на тумор на дебелото црево. Тој беше откриен за време на рутинските тестови минатата недела. За среќа, можам да уживам во големи победи со вас“, потврди денес Пеле преку социјалните медиуми.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата во моментов се чуствува добро и нема потреба од загриженост, потврди менаџерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баркола пристигнува во Ливерпул утре

Напаѓачот на Пари Сен Жермен Брадли Баркола ќе отпатува утре за Ливерпул каде што ќе помин…