Сите знаат колку е тензично во борбата за титулата во француската Лига 1, но тоа што го прават Монако и Пари Сен Жермен во елитата, не е ништо во споредба со речиси хичкоковската драма која се случува во втората фудбалска лига во Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во дербито за врвот од табелата, лидерот Стразбур на гостувањето кај шестопласираниот Ленс успеа да извлече бод (1:1) и јасно е дека ќе има фотофиниш во борба за првите две места од втората лига. Тоа е факт бидејќи разликата меѓу првиот и шестиот на табелата, односно вчерашните два ривали, е пет бода, а до крајот остануваат уште две кола.
Правилата на Лига 2 наложуваат првите два тима директно да се пласираат во Лига 1, а третопласираниот да игра бараж со тимот кој во елитното натпреварување се наоѓа на 18-то место.
Синоќа на стадионот Феликс Болер гледачите можеа да гледаат отворен фудбал во кој нешто подобар беше Ленс, само што тој факт не успеа да го преточи и во победа. Тие поведоа први во 66-та минута со голот на Кени Лалa од пенал. Но, радоста на домаќините траеше само две минути, бидејќи Калид Бутаиб донесе израмнување за гостите.