Парма веројатно го преживеа најголемиот пад во својата историја, кога беше исфрлена во Серија Д.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После неколку години се врати во Серија Б, а сега се обидуваат да се вратат во највисокиот ранг и сосема добро им иде во овој момент.
Од второто место кое води директно во Серија А ги дели само 4 бода, а јануари е вистинско време за засилување и обид недостатокот до крајот на сезоната да се надомести.
Прв кој стигна во Парма овој јануари е Марчело Гацола.
Овој фудбалер до сега играше за Сасуоло, во тој клуб е од 2012. година, искусен, има 32 години и сигурно дека добро ќе им дојде на Парма во борбата за највисок пласман.
Инаку, Гацола како младинец играл за Парма, но многу брзо го напуштил клубот.