Дома Фудбал Италија Парадоксите на Гатузо – испадна најдобрата одбрана во лигата со најмалку примени голови

Парадоксите на Гатузо – испадна најдобрата одбрана во лигата со најмалку примени голови

Тоа го може само Џенаро Гатузо! Човекот кој уште како играч беше познат како разбивач на противничките акции и како тренер продолжи да ја убива фудбалската игра. Само што, во Пиза околу себе немаше и фудбалски мајстори кои неговата деструктивност ќе ја украсат со понекој смислен и убав фудбалски потег во нападот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Па така, после дебаклот на Пиза во дуелот со Читадела (1:4) тимот и официјално го заврши престојот во втората италијанска фудбалска лига.

Парадоксално, Пиза го загуби второлигашкиот статус и покрај тоа што има примено помалку голови од неколку други тима од ова фудбалско натпреварување, поточно има најмалку примени голови во цела Серија Б, но за разлика од нив, тимот е далеку поужасен кога станува збор за нападот.

Чисто за споредба, наспроти 33 примени гола во својата мрежа, Пиза во тој поглед е далеку подобра од водечкиот SPAL, кој има примено 36 гола, колку и четвртопласираната Перуџа, додека Спекија на осмото место е со само 34 примени гола.

Но, очајните 23 постигнати гола во 40 натпревари го направија своето и Пиза се пакува и се сели во фудбалски понизок ранг. За разлика од нив, SPAL, чисто за споредба, има дадено 40 гола повеќе, што значи вкупно 63.

Тешко дека и вие, а и ние, ќе се сетиме на некој сличен пример.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голема трагедија го погоди семејството на турскиот селектор Винченцо Монтела

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, се соочува со тежок сем…