Дома Фудбал Останато Панчев: Ова Европско е добра прилика да направиме убаво изненадување

Панчев: Ова Европско е добра прилика да направиме убаво изненадување

Легендарниот наш напаѓач, Дарко Панчев порачува дека Македонија не треба да се задоволи само со пласманот на Европското првенство.

Како што е познато ние ќе играме во група со Холандија, Австрија и Украина. Панчев смета дека групата не е толку силна.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно можеме да се надигруваме. Ова е одлична прилика на Европа да и демонстрираме голем квалитет. Немаме што да изгубиме и онака од нас никој ништо не очекува“, изјави Панчев.

Како најголем адут на Македонија Панчев го гледа средниот ред.

„Тука имаме четири одлични играчи. Ги предводи Адеми кој е капитен на Динамо Загреб. Тука се уште Барди, Алиоски и Елмас кој е еден од најголемите таленти на овие простори“, смета „кобрата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…