Дома Фудбал Репрезентации Панчев: Вчера беше ден за уживање за екс-ју фудбалот!

Панчев: Вчера беше ден за уживање за екс-ју фудбалот!

Дарко Панчев утрово онлајн гостуваше во утринската српска програма во која зборуваше за вчерашниот ден во кој Хрватска и Србија обезбедија директен пласман на СП, а Македонија обезбеди бараж.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во краткото интервју Панчев посочи дека вчера бил ден за уживање за екс-ју фудбалот.

„Уживав вчера. Се започна со Хрватска која тешко, но заслужено ја победи Русија и обезбеди пласман. Потоа продолжи со Македонија која го направи најголемиот успех во историјата на едни квалификации, а шлагот на тортата беше Србија и победата во Лисабон“, зборува Панчев.

За добрата игра на Србија Панчев истакна дека најзаслужен е селекторот Пикси, а направи и детална анализа на репрезентацијата во Србија. Разговорот на Панчев можете да го погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инфантино сака уште четири години на чело на ФИФА, но се појави сериозен проблем

Џани Инфантино (56) би можел да се соочи со пречка во обидот да остане претседател на ФИФА…