Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Ја кажав само вистината како стојат работите во македонскиот фудбал

Пандев: Ја кажав само вистината како стојат работите во македонскиот фудбал

Капитенот Горан Пандев пред два дена преку Инстаграм искажа незадоволство кон работата на Фудбалската Федерација на Македонија.

Сега во интервју за „Дрнка.мк“ Пандев појасно поради што бил неговиот револт

Која беше причината за незадоволството?

“Ја кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата, туку тоа е и од минатото првенство. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата а имаше уште неколку кола да се доиграт и никој не превзеде одговорност а клубовите потрошија. Јас зборувам за нашиот клуб. Потрошивме куп пари  а на средината од првенството се прекина а бевме и во полуфиналето од Купот. Но никој не превзеде одговорност. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата.  Помош  нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени . Не сум против претседателот на ФФМ  но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејки нашиот фудбал така не може да продолжи….“

Академија Пандев побара ли одложување на саботниот меч заради снегот и замрзнатиот терен ?

Да побара и гостинската екипа се согласила да не се игра, но очигледно на делегатот му беше поважна дневницата. Можеби се плашеше дека немаше да му се платеше дневница ако го откажеше напштреварот. Луѓе дајте Ве молам ….Беше срамно….Излезе и во италијанските медиуми на каков терен се игра фдубал во Македонија….Не е битен резултатот или како заврши натпреварот. Најсреќен сум што немаше повредени, бидејки срамно е што мечот се одигра.

Целото интервју на Пандев можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Војната“ започна: Европските гиганти ќе формираат паралелна организација на УЕФА, ќе издвојуваат три пати повеќе пари за сиромашните клубови!

Одлуката 12 европски гигнати да формираат нова Суперлига предизвика бура на реакции во фуд…