Дома Фудбал Пандев: Со Наполи освоивме куп, можам да замислам како ќе биде сега – му посакувам на Елмас да ја освои и ЛШ!

Пандев: Со Наполи освоивме куп, можам да замислам како ќе биде сега – му посакувам на Елмас да ја освои и ЛШ!

Тимот на Наполи само еден бод го дели од официјално освојување на титулата во Серрија A и се очекува Скудетото да го освојат на гостувањето кај Удинезе во четврток.

Изјава за ситуацијата во Неапол даде и македонската фудбалска легенда, Горан Пандев кој еден дел од кариерата помина во тимот под Везув.

„Наполи е мој поранешен клуб и затоа на сите им честитам за титулата, од претседателот до играчите и тренерот Спелети кој е одличен стратег. Во Наполи поминав три години, не го освоивме Скудетото, но го освоивме Купот, имаше навистина големо славје“.

Можам да замислам како ќе биде сега за освојувањето на титулата. Секако сум среќен и за Елмас, му посакувам следната година со Наполи да ја освои и ЛИгата на шампионите“, истакна Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …