Дома Фудбал Италија Пандев по „стотката“ во тимот на колото во Серија А 📸

Пандев по „стотката“ во тимот на колото во Серија А 📸

Македонскиот капитен Горан Пандев одигра одличен натпревар за Џенова против Беневенто.

Пандев ги постигна двата гола за Џенова во ремито 2:2. Со овие два гола Пандев стигна до 100 гола во Серија А, достигнување за кое му се поклони и реномираната „Газета“ – повеќе за ова тука.

Сега апсолутно заслужено македонскиот капитен се најде во тимот на 32. колото. Друштво на Пандев во нападот му прават ветеранот Кваљарела и Распадори од Сасуоло кој го сруши Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aргентинецот од Ливерпул се растажил: Видов дека други ги продолжија договорите…

Познатиот аргентински фудбалер Алексис Мекалистер истакна дека е разочаран што Ливерпул не…