Дома Македонски спорт Пандев: Не мислев дека ќе дадам 100 гола затоа што не сум прв напаѓач

Пандев: Не мислев дека ќе дадам 100 гола затоа што не сум прв напаѓач

Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев вчера стигна до бројката од 100 гола во италијанската Серија А.

Пандев така стана првиот македонскиот фудбалер кој постигнал 100 гола во некоја од најсилните пет лиги.

„Среќен сум оваа „стотка. Не очекував дека ќе дадам толку голови затоа што јас не сум прв напаѓач, но ете среќен сум што до рекордот стигнав во најстариот клуб од Италија“:

За натпреварот.

„Мислев ќе победиме, имавме свои прилики. Но, Беневенто си одигра добро во одбраната. Треба да победуваме, се уште не сме сигурни во опстанокот. Сега да ги наполниме батеритте затоа што во сабота не чека нова борба“, изјави Пандев.

Уште еднаш посочи дека не знае дали ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.

„Се уште не знам. Во моментов размислувам само да избориме опстанок, потоа ќе седнеме и ќе разговараме со луѓето во клубот. Мојот план е да завршам после Европското првенство, но физички сум добар, па ќе видиме“, потенцираше Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фото: Шкендија на плоштадот во Тетово ја прослави титулата заедно со своите навивачи 📸

Вчера беше весело во Тетово, Шкендија ја славеше шампионската титула на градскиот плоштад …