Дома Фудбал Италија Пандев најдобар стрелец во Серија А од екс-Југославија

Пандев најдобар стрелец во Серија А од екс-Југославија

Горан Пандев синоќа одигра одлична партија против Наполи и со два гола донесе победа на Џенова.

Пандев со тоа стана најдобриот стрелец во лигата од фудбалери од поранешна Југославија. Тој веќе има 97 гола во Серија А и го мина Мирко Вучиниќ, кој има постигнато 96 гола.

Ова е големо признание за нашиот капитен ако се знае дека во Серија А играле големи ѕвезди од екс-Југославија како Иличиќ, Џеко, Станковиќ, Савичевиќ…

Пандев после мечот истакна дека верува дека ќе дојде до бројаката од 100 погодоци во Серија А.

„Верувам дека ќе дојдам до границата од сто гола во Серија А, но морам да потенцирам дека за мене головите не се најважни. Екипата е на првото место и посебно е тоа важно кога победувате. Пензија? Имав тежок период да се рехабилитирам од последната повреда, но се уште се забавувам и добро сум. Ќе видиме“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Катастрофа за Јувентус: Капитенот на екипата ќе биде надвор од терените до крајот на годината, се повреди и Бога

Јувентус се соочува со голем проблем со повредите на играчите, а последниот играч кој се п…