Дома Фудбал Пандев и Џенова елиминирани од третолигаш, па останаа без тренер (видео)

Пандев и Џенова елиминирани од третолигаш, па останаа без тренер (видео)

Тимот на Џенова доживеа непријатна елиминација во Купот од третолигашот Виртус Ентела после изведувањето на пенали.

Во регуларниот дел беше 2:2, а после 120 минути игра мечот заврши 3:3, па победникот беше решен после изведување на пенали.

За домаќините промаши Лападула во одлучувачката серија, па Џенова доживеа елиминација. Нашиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 58-та минута, но не шутираше во пенал серијата.

После натпрварот Џенова веднаш му врачи отаз на тренерот Јуриќ, а италијанските медиуми пренесуваат дека утре ќе биде назначен Прандели за нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Данец ќе суди на „Вембли“: Хрватска бара одговор по дебаклот од 0-7

Мортен Крог ќе го води дуелот меѓу Англија и Хрватска во Лигата на нации, а за ВАР ќе биде…