Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев им се извини на „Комити“, ФФМ забрани гостински навивачи во Струмица

Пандев им се извини на „Комити“, ФФМ забрани гостински навивачи во Струмица

Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар.

Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица се најавуваше и поставување на дополнителна гостински трибина, но за жал „Комитите“ нема да можат да присуствуваат на овој натпревар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата. Во дописот до Брера од ФФМ објасниле дека причина за забраната е безбедноста.

„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме „Комити“ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме се што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Пандев.

Како и останатите средби од првото коло, Брера и Вардар ќе играат утре од 17:00 часот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…