Дома Македонски спорт Пандев: Знаеме против кого играме, но во фудбалот се случуваат чуда

Пандев: Знаеме против кого играме, но во фудбалот се случуваат чуда

Капитенот на Македонија Горан Пандев денес присуствуваше заедно со селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред натпреварот против Германија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пандев добро знае дека Германија е фаворит, но посочи дека во фудбалот чуда се случуваат.

„Знаеме против кого играме, чест е да се игра против една ваква селекција. Сите знаеме со каков квалитет располага Германија и посебен мотив не ни е потребен. Сме покажале и во минатото дека знаеме да играме со големи селекции, верувам и дека Германија знае за нашиот квалитет. Знаат дека не сме репрезентацијата пред пет-шест години. Нормално, тие се фаворити, меѓутоа чуда во фудбалот се случуваат, па зошто да не се случи утре? Ќе ни треба среќа, ние немаме што да изгубиме. Знам дека ние ќе дадеме и повеќе од 100%“, порача Пандев.

Германија е домаќин на Македонија утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид со последниот чекор пред да го претстави Мурињо

Набргу по веста за неуспешната понуда за Хулијан Алварес, од Реал Мадрид информираа дека о…