Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го крена гласот против Фудбалската Федерација на Македонија и најави дека е спремен да се тргне на страна ако работите не се променат.
Пандев се огласи преку неговиот Инстаграм профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана…“, напиша капитенот на нашата репрезентација.