Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев: За Македонија најважно е што е тука, беше посебно емотивно да се слушне химната на вакво натпреварување

Пандев: За Македонија најважно е што е тука, беше посебно емотивно да се слушне химната на вакво натпреварување

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна дебитантскиот гол за Македонија на Европските првенства, а сега во изјава за „Скај Спорт“ посочи дека се уште не знае дали ќе ја смени одлуката за пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како и што многу пати најави Пандев веројатно ќе се повлече по завршувањето на ЕП со Македонија. Одлуката не е конечна, но засега неговите најави одат во таа насока.

„Сега не размислувам за одлуката за пензија, фокусиран сум на Македонија, не знам дали ќе се премислам. Среќен сум за голот иако резултатот не беше најдобар за нас, но за Македонија најважно е што е дел од Еуро 2020. Посебно беше да се слушне химната на вакво натпреварување, возбудата беше огромна“.

„Испишавме историја со пласманот. Имаме млад тим кој нема некое големо искуство на вакви натпревари. Со Австрија го дадовме максимумот, но се покажа дека тие се посилни и заслужено победија. Се надеваме на подобро издание со Украина“, изјави Пандев.

Дуелот помеѓу Македонија и Украина се игра утре од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Лионел Меси ги постигна сите три погодоци на натпреварот, со што успеа да собори или изедн…