Дома Фудбал Падна договор: Спотифај ќе биде новиот спонзор на Барселона!

Падна договор: Спотифај ќе биде новиот спонзор на Барселона!

Eкипата на Барселона поминува низ тежок финансиски период со долг од 1.35 милијарди евра, а сега малку ситуацијата ќе се подобри откако е постигнат договор со Спотифај.

Спотифај ќе биде спонзор на Барселона во наредните три години и Каталонците од оваа компанија ќе добијат 280 милиони евра. Новиот спонзор ќе го наследи Ракутен на дресовите, а ќе биде брендиран и стадионот, па така ќе се вика „Камп Ноу – Спотифај“. Официјализацијата според најавите може да се случи во секој момент.

Со овој договор започнуваат промените на подобро во Барселона, барем такви се најавите од Каталонија. Следно што треба да се случи е кредит од инвестициски банки во износ од 1.5 милијарди евра кој ќе се искористи и за реконструкција на „Камп Ноу“, но и за реструктуирање на долговите оставени од претходната управа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фросиноне го брка шестото место, Фиорентина бара излез од кризата

Со победа над Лече, Фросиноне може да се искачи на шестата позиција и да му се доближи на …