Дома Фудбал Репрезентации Паднаа Казахстанките: Прва гостинска победа на Македонија во историјата!

Паднаа Казахстанките: Прва гостинска победа на Македонија во историјата!

Денес имаме убави вести од женската фудбалска репрезентација – фудбалерките ја забележаа првата гостинска победа во историјата!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес победи против Казахстан со 0:3. Головите за нашата селекција ги постигнаа Рочи и Шемсовиќ. Рочи постигна два, Шемсовиќ еден. Наташа Андонова запиша две асистенции, додека Рочи и асистираше на Шемсовиќ.

Треба да се спомене дека за оваа генерација на фудбалерките предводени од Андонова е првпат во едни квалификации да завршиме со две победи и шест освоени бодови. Квалификациите ги завршуваме како претпоследни, зад нас е нашиот денешен противник Казахастан.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…