Ракометарите Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски кои во претходниот период беа на подготовки со првиот тим на Еурофарм Пелистер се враќаат во вториот тим.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа информација ја потврдија денес од битолскиот клуб. Двајцата се веќе пријавени за настап во сите натпреварувања.




РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека ракометарите Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски по периодот подготовки минат во тимот на Еурофарм Пелистер, се приклучија во Еурофарм Пелистер 2 и веќе се пријавени за натпреварите од ЕХФ Лига Европа, Суперлигата и Купот на Македонија.




Петровиќ и минатите две сезони го носеше дресот на Еурофарм Пелистер 2, а Кукуловски ќе дебитира утре против Алпла Хард во првото квалификационо коло на ЕХФ Лига Европа.