Дома Фудбал Павар во одбрана на Ковач: Тој не беше на теренот

Павар во одбрана на Ковач: Тој не беше на теренот

Нико Ковач е веќе поранешен тренер на Баерн, а додека Баварците бараат негова замена, во медиумите се шпекулира за причините кои донесоа до раскин на соработката со хрватскиот стратег.

Резултатите не беа најдобри, не беше најдобра ниту играта на Баерн оваа сезона, но медиумите од Германија како еден од главните проблеми го наведе лошиот однос на Ковач со играчите.

Меѓутоа, Бенжамин Павар, дефанзивецот на Баерн, ги демантираше тие наводи и се обиде да го одбрани сега веќе поранешниот тренер.

„Имавме добар однос со тренерот.“ – истакна Павар за Л’Екип, па го прокоментира заминувањето на Ковач:

„Тој не беше на теренот. Ние играчите имаме своја одговорност, но кога постигнете лоши резултати секогаш тренерот е тој кој мора да замине.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…