Дома Македонски спорт Официјално: Шкендија го продаде Висар Муслиу

Официјално: Шкендија го продаде Висар Муслиу

0

Она што се најавуваше некое време во македонската фудбалска јавност денес доби официјалната потврда.

Македонскиот шампион Шкендија на својата официјална страна потврди дека Висар Муслиу се сели во МОЛ Фехервар.

Шкендија го потврди трансферот, меѓутоа засега не се открива износот за кој еден од најдобрите дефанзивци во македонското првенство ќе се пресели во Унгарија.

Муслиу во Шкендија помина година ипол и за тој период освои три трофеи. Претходно тој го носеше дресот на Вардар.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Два англиски гиганти се „тепаат“ за Пјонтек

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер в…