Дома Фудбал Останато Официјално: Фонсека нов тренер Милан!

Официјално: Фонсека нов тренер Милан!

Милан попладнево го потврди Пауло Фонсека за нов тренер, а директорот Златан Ибрахимовиќ го објасни изборот.

Пристигна официјална потврда, Пауло Фонсека е наследникот на Стефано Пиоли на кормилото на Милан.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Милан може да потврди дека Пауло Фонсека е именуван за тренер на првиот тим. Португалецот стави потпис на тригодишен договор“ – гласеше соопштението.

Златан Ибрахимовиќ на прес-конференција го објасни изборот на „росонерите“ откако претходно се шпекулираше со неколку имиња, помеѓу кои и она на Антонио Конте.

„Не го одбравме Антонио Конте бидејќи Пауло Фонсека е најдобриот избор за тимот кој го имаме“ – вели директорот на Милан.

„Детално го студиравме Фонсека и неговиот пристап кон играта. Кога разговаравме лице в лице, не убеди неговата амбиција и желба за победа. Во Милан има тренер, а не менаџер. Имам голема почит за Конте и неговата работа, но не баравме таков профил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан конечно победи, Црвена Звезда „потона“ во Монако

Милан во третотот коло ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, Црвена Звезда доживе…