Дома Фудбал Официјално: ФИФА го одложи баражот меѓу Шкотска и Украина

Официјално: ФИФА го одложи баражот меѓу Шкотска и Украина

ФИФА ги одложи полу-финалните баражи за пласман на Светското првенство, помеѓу Шкотска и Украина, односно Велс и Австрија.

Украинците, поради војната  побараа натпреварот да биде одложен. ФИФА реши да го прифати нивното барање и како резултат на тоа го одложи и вториот бараж Велс-Австрија.

Одложувањето на мечот, ќе значи и нов датум за финалето во баражот бидејќи подобриот од мечот Шкотска – Украина, ќе игра против победникот меѓу Велс и Австрија.

За потсетување ФИФА и УЕФА ја суспензираа Русија од меѓународни натпреварувања, па во наредните денови ќе стане јасно дали ќе се игра баражот помеѓу Полска и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…