Дома Фудбал Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

После поразот од Реал Мадрид спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и првиот човек Насер Ал Келаифи направија вистински скандал во поттрибинскиот простор на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на ПСЖ се симнал до соблекувалната на судиите и ги навредувал, а со него во тие моменти бил и спортскиот директор Леонардо. Ал Келаифи дури се заканил на човек од Реал Мадрид кој го снимил неговото однесување. Наводно, газдата на ПСЖ му се обратил со зборовите: Ќе те уб*јам.

УЕФА денес соопшти дека е отворена постапка против Ал Келаифи и Леонардо, а во наредниот период ќе биде познато со какви казни ќе се соочат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Киву подготвува промени: Еспозито во нападот, Проведел пред деби за Интер

Интер ја пречекува Фиорентина без Лаутаро Мартинез и уште четворица играчи, а Кристијан Ки…