Дома Фудбал Официјално: Торино доби засилување од Јувентус

Официјално: Торино доби засилување од Јувентус

Торино и официјално соопшти дека Томас Ринкон е нов член на екипата на Синиша Михајловиќ.

Ринкон во Јувентус пристигна изминатата зима од Џенова, не играше многу, дури ниту во системот на ротации, па одлучи да замине во тимот каде ќе биде стартер.

„Ринкон е поливалентен играч, комплетен играч за врска кој поседува техника и физичка сила. Тој е голем тимски работник, поседува огромно искуство и ќе биде големо засилување за нас“, истакна претседателот на Торино, Урбано Каиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Двата гола против Франција дополнително го истакнаа Пио Еспозито, но неговиот агент Марио …