Дома Фудбал Англија Официјално: Томас Тухел е нов тренер на Челзи!

Официјално: Томас Тухел е нов тренер на Челзи!

Тоа што се најавуваше изминатите денови, сега доби официјална потврда – Томас Тухел е нов тренер на Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот стратег доаѓа на „Стенфорд Бриџ“ како наследник на Френк Лампард, кој доби отказ после серијата на лоши резултати.

Тухел стави потпис на 18-месечен договор и ќе има за цел да го врати Челзи во Топ 4 сезонава и да избори пласман во Лигата на шампиони.

„Сакам да му се заблагодарам на Челзи за довербата во мене. Ова е голем предизвик за мене, да работам во највозбудливото првенство на светот. Сите ние имаме почит кон работата на Франк Лампард и сега не можам да дочекам да седнам на кормилото и да почнам со работа“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез останува на чело на Реал Мадрид – убедлива победа на изборите

Флорентино Перез ќе продолжи да го води Реал Мадрид и во наредниот мандат, откако според и…