Дома Фудбал Официјално: Стелини отпуштен, Тотенхем има нов менаџер

Официјално: Стелини отпуштен, Тотенхем има нов менаџер

После дебаклот од Њукасл раководството на Тотенхем донесе одлука да му врати отказ на тренерот Кристиан Стелини.

Стелини, му беше асистент на Антонио Конте, а откако тој доби отказ ја прифати понудата да биде привремен менаџер.

Меѓутоа, под негово водство резултатите додатно се влошија, а „Спарси“ вчера доживеаа вистински дебакл против Њукасл (6:1).

Тотенхем се одлучи за нова тренерска смена, а тимот до крајот на сезоната ќе го води Рајан Мејсон, поранешен играч на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…